Свадбениот бакнеж на Том и Кејт Печати Е-меил
[21-11-2006 | 00:23 часот]
 По гламурозната венчавка, огнометот, илјадниците свеќи и факели, безбројни цветни аранжмани, но и невидени мерки на безбедност, Кејт Холмс и Том Круз го напуштија гратчето Брачиано и заминаа на меден месец на Малдиви. Од Рим полетале со приватен авион за...

... Малдиви, а нивните гости Брук Шилдс, Џим Кери, Вил Смит, Џенифер Лопез и останатите се вратиле во Калифорнија.

Викторија Бекам заминала за Мадрид, а Дејвид поради тренингот морал да замине уште истиот ден. На 44-годишниот Том Круз ова му е трет брак, а на 27-годишната Кејт прв. Том беше во брак со актерките Мими Роџерс и Никол Кидман.