"Леб и сол" растураат низ балканот Печати Е-меил
[21-11-2006 | 00:28 часот]
 Нови Сад - како прва дестинација и Белград паднаа на звукот на легендарната македонска група "Леб и сол". Публиката ги поздрави со бурни аплаузи и френетично реагираа уште на првите акорди на добро познатите нумери кои оставија белег во музиката на...

...овие простори. Покажаа дека се во добра форма и покрај десетгодишната раздвоеност. Карванот веќе се упати на следна дестинација - Бања Лука, каде в петок ќе има концерт.

Во рамките на турнејата ќе одржат вкупно 10 концерта, а журката завршува на 12 декември со настап во љубљанска "Тиволи". Влезниците за скопскиот концерт на "Леб и сол", закажан за 9 декември во хала 1 на Скопски саем, се веќе во продажба и чинат 600 денари.

На распоредот уште неколку градови од екс-ју просторот и тоа по Бања Лука, следуваат Сплит, Загреб, Риека, а сараевскиот концерт првобитно планиран за 2 декември се одлага барем засега од технички причини.