|
Почина филмската легенда Алтман |
|
|
|
[22-11-2006 | 23:46 часот] |
Легендарниот американски режисер Роберт Алтман (81), кој стои зад филмските хитови „Меш“, „Нешвил“, „Госфорд парк“ и „Играчот“, почина во понеделникот во болница во Лос Анџелес. - објави неговата продуцентска компанија „Сендкасл 5 продакшнс компани“...
... Алтман беше познат по својот специфичен начин на создавање филмски дела, особено по импровизацијата. Тој петпати беше номиниран за најпрестижната филмска награда „Оскар“, но правдата била задоволена дури годинава, кога му беше доделен почесен „Оскар“ за животно дело, за неговата работа со која секогаш одново внесувал инвентивност во филмскиот израз. Причината за смртта на Алтман не е објавена, но затоа се појавила информација според која на Алтман пред 11 години му било трансплантирано срце. Тој ја чувал операцијата во тајност за да не си ја загрози кариерата. |